декември 5, 2023

Се снима документарец за Блаже Конески

Во родната куќа на Блаже Конески во Небрегово во тек е снимање на долгометражен документарен филм „Дневник по многу години”, посветен на македонскиот поет и јазичен великан.
Ликот на младиот Блаже го толкува ученикот во четврто одделение во ООУ “Блаже Конески” Прилеп, Михаил Вељаноски.
Малиот актер Мики, ученик во ООУ „Блаже Конески” од Прилеп, вешто се справува во улогата, пренесуваат од Завод и Музеј- Прилеп.

Блаже Конески е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик. Како научник-славист, тој ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик.Учествувал во комисијата за азбука, учествувал во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик.

!http://Завод и Музеј – Прилеп во саботата Во родната куќа на Блаже Конески во Небрегово во тек е снимање на долгометражен документарен филм,, Дневник по многу години”Малиот актер Мики, ученик во ООУ,, Блаже Конески” од Прилеп, вешто се справува во улогата на Б. К Секоја чест на режисерот и снимателите!

https://www.facebook.com/nikola.t.kalajdziski?fref=nf