Се плашам од Македонија, вели претседателот на италијанската федерација Габриеле Гравина

Габриеле Гравина, претседателот на италијанската федерација, вели дека е уплашен. Гравина во изјава за италијанските медиуми, откри дека многу се плаши од дуелот против Македонија.
„Од што се плашам во плејофот за пласман на Светското првенство? Од првиот меч, тој секогаш е најтежок. Ќе ни биде потребна целосна концентрација за дуелот против Македонија. Тоа е добар тим кој има добри резултати. За останатото ќе размислуваме по 24 март, односно по мечот против Македонија“, рече Гравина.
Италија како актуелен европски првак ќе ја пречека Македонија на стадионот во Палермо, а победникот од овој меч ќе игра во финалето на плејофот со подобриот од дуелот Португалија – Турција.