Села ја повика Бугарија да ги признае Македонците

Соседите треба да се признаваат меѓу себе. Треба да се почне со тоа што ќе се признаваат малцинствата обострано, во Македонија на бугарското малцинство и во Бугарија на македонското малцинство. Тоа би било еден добар чекор, истакна претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на денешната прес-конференција во Собранието.
– Како политичар не можам да прифатам кога одредени држави кога се отвора овие теми зборуваат дека тоа било внатрешно прашање. Воопшто гледано, прашањето на малцинството е прашање на човековите права и според тоа не може да биде внатрешно право на некоја држава во светот. Од друга страна, мислам дека се комплицира овој процес без потреба. Секогаш кога слушам дека експертите ќе најдат решение, јас не мислам дека треба да очекуваме решенија од страна на експертите. Експертите си прават наука, а во науката нема компромис. Тие што прават компромис се политичарите и тие треба да најдат компромис. Смета дека отворените прашања треба да се решаваат во некој друг момент. Политиката треба да донесе компромиси. Треба да се најде решение, рече Села.
Тој ја повика Бугарија да го тргне ветото и Македонија заедно со Албанија што побргу да бидат членки на Европската унија, бидејќи, како што рече, ЕУ не е само унија на земјите-членки заради некои економски интереси, туку повеќе се гледа како унија која има исто така и