септември 27, 2023

Санкциите кон Русија се антиглобалистички, како и обидите да се изолира Русија, Кина и други

САД и ЕУ се најголемите антиглобалисти во последните години. Иако тие беа иницијатори и промотори на поновиот глобализам по забрзаниот развој на трети земји, пред се на Русија и Кина, западот се обидува да го забави нивниот развој, па дури и да ги изолира или санкционира како сега против Русија. Претходно имаше обиди на саботирање на економијата на Кина итн. Проблемот е во тоа што Западот сака глобализам во кој ќе владеат тие, затоа често и глабализмот се поврзува со западот. Западот не сака свет кој ќе биде мултиполарен и во кој тие нема да бидат доминантни, затоа по најавите за нов светски поредок заради војната во Украина и Бајден рече дека ние, САД ќе го предводиме слободниот демократски свет. Тоа значи дека се помируваат со неуспехот да бидат владетели на целиот глобус ама тоа е и антиглобалистички став. Глобализмот сам по себе не значи униполарен, напротив, мултиполарнорноста не исклучува глобализам, дури е придобивка. Поврзувањето на глобализмот со начините на владеење и со типот на власта исто е излишно и неосновано. Светот отсекогаш бил глобален и поврзан, единствено кога имало многу цврсти граници и прекин на комуникација и трговија најмалку бил тоа, железната завеса е еден пример за тоа. Инаку актуализацијата на глобализмот во денешно време е заради поголемиот технолошки напредок во комуникациите и др, интернетот и др, побрзата транспортна поврзаност и тн. Противниците на глобализмот често го поврзуваат глобализмот со идеологии, традиции и со културошки разлики, нешто што исто е неосновано ама кое бара пошироко аргументирање.

лаички рефлексии