декември 2, 2023

Санкциите кон и од Русија ќе ја намалат доминацијата на доларот

Финансиските санкции наметнати на Русија можат постепено да ја намалат доминацијата на американскиот долар во светската трговија.Тие може да доведат и до фрагментација на меѓународниот монетарен систем, се вели во текст на ФТ.
Сеопфатните мерки што западните земји и ги наметнаа на Русија, па дури и на руската централна банка, може да поттикнат појава на блокови на мали валути засновани на трговијата меѓу одделни групи земји.
„Доларот би останал главна глобална валута дури и во тоа опкружување, но фрагментацијата во помал обем е сосема можна. Веќе можеме да видиме дека некои земји повторно преговараат за валутата во која ќе плаќаат за меѓусебната трговија“.

Според „Фајненшл тајмс“, Русија со години се обидува да ја намали зависноста од доларот и дека кампањата сериозно се забрза откако САД воведоа санкции како одмазда во 2014 година за припојувањето на Крим кон Русија.

И покрај овие напори, Русија сè уште имаше околу една петтина од своите девизни резерви во средства деноминирани во долари а дел од тие резерви во странство – во Германија, Франција, Велика Британија и Јапонија. Тие земји сега работат заедно за да ја изолираат Москва од глобалниот финансиски систем.

Поголема употреба на други валути во глобалната трговија ќе доведе до понатамошна диверзификација на средствата во девизните резерви на националните централни банки.

„Земјите имаат тенденција да акумулираат резерви во валутите со кои тргуваат со остатокот од светот и во кои позајмуваат средства од остатокот од светот, така што може да има постепен тренд кон други валути кои ќе играат поголема улога (во девизниот резерви), додаде таа.
Уделот на американскиот долар во меѓународните резерви е намален од 70 на 60 отсто во последните две децении, со зголемување на учеството на другите валути со кои се тргува, на чело со австралискиот долар.

Приближно една четвртина од падот на учеството на американскиот долар може да се објасни со поголемата употреба на кинескиот јуан (ренминби). Сепак, помалку од 3,0 отсто од глобалните резерви на централната банка се деноминирани во кинеска валута, според податоците на ММФ.
Војната ќе поттикне и усвојување на дигитални пари, од криптовалути до стабилни монети и дигитални валути на централните банки, што наметнува брзо решение за прашањето на меѓународните регулативи во таа област.

За ФТ, Гита Гопинат, првиот заменик генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).