јуни 10, 2023

Самохраните мајки протестираа за права

Самохраните мајки на протестот бараа вработување на самохраните мајки, реосмислување на системот на социјални и парични бенефиции, помош за решавање на стамбеното прашање и дефинирање на термините самохран родител и еднородителско семејство.
Тие побараа помош од државните институции особено во ситуацијата во која се наоѓа државата и економијата, кога се е поскапено. Тие рекоа дека си помагаат меѓусебе но бараат помош од државните институции оти и нивните деца заслужуваат нормално детство.