декември 2, 2023

САД трупа оружје ама подготвена е за преговори ако Русија ја повлече војската. Американците преземаат одговорност?

САД се подготвени за дијалог за Украина доколку Русија ја повлече својата војска, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Според него, САД се отворени за преговори со Русија во различни сфери, вклучително и безбедноста, „но за дипломатија е потребна деескалација во Украина“.

Блинкен рече дека западните земји ги координираат акциите насочени кон забрзување на испораката на опрема за противвоздушна одбрана, противтенковски системи и друго оружје за Украина.

Шефот на американската дипломатија изјави дека САД документираат случаи на убиства на цивили за време на руската инвазија врз Украина и ќе побараат одговорност за тоа.