декември 2, 2023

САД не може да потврди употреба на хемиско оружје во Украина

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен изјави дека Соединетите Американски Држави не можат да ги проверат извештаите за можна употреба на хемиско оружје од страна на руските сили во Украина, Блинкен повтори дека употребата на хемиско оружје предизвикува „реална загриженост“ и дека американските власти се свесни за можноста дека хемиско оружје може да се употреби.Командантот на ултрадесничарскиот полк Азов во Мариопол кажа претходно денес дека тројца негови припадници биле изложени „на хемиски агенси, но без потешки последици“, пренесе лондонски Гардијан