САД засега нема да запленуваат имот на Руси за финансирање на Украина

Американската унија за граѓански слободи (ACLU) спречи нацрт-закон што ќе му овозможи на Бајден да ги конфискува имотите на руските олигарси и да ги даде на Украина, пишува Вашингтон пост.
Претставници на ACLU укажаа дека законот би можел да биде неуставен. ACLU предупреди дека мерката (законот), доколку биде усвоена во нејзината предложена форма, најверојатно ќе биде укината од судот, што ќе и овозможи на Русија потенцијална пропагандна победа над САД.
Законот беше предложен од претставниците Том Малиновски (Њу Џерси) и Џо Вилсон. Според него администрацијата на Бајден може да заплени имот што надминува 5 милиони долари. Според предлог-законот, имотот би можел да се продаде а потоа ќе и се даде на Украина за воена и хуманитарна помош. Износот на овие средства може да достигне до милијарди долари.
Истата вест ја објави и американскиот медиум The Hill.