САД го обвини Путин за цената на енергенсите иако забранија увоз на руска нафта

Кога странски диктатор ќе нападне странска земја, и кога тој странски диктатор е на чело на земја која е трет по големина снабдувач на нафта во светот, тоа ќе има влијание, и тоа е “, рече Псаки и додаде: „Видовме дека цената на бензинот се зголеми за најмалку 75 центи откако претседателот Путин ги построи војниците на границата со Украина“.
Претседателот Бајден објави претходно дека војната на Путин во Украина е одговорна за зголемената инфлација – тој ја нарече „покачување на цените поради Путин“ – и рече дека голем придонес за инфлацијата овој месец има зголемувањето на цените на гасот и енергијата.
Од друга страна рускиот претседател Владимир Путин вели дека САД се обидуваат да го измамат сопственото население криејќи се зад Русија, затоа што испораките на руска нафта за САД се незначителни.
– Испораките на руска нафта на американскиот пазар не надминуваат три проценти. Ова е незначителна сума. Тие рекоа дека го запираат увозот на руска нафта на американскиот пазар, цените таму се високи, инфлацијата е без преседан и веројатно ќе достигне историски максимум. Тие се обидуваат да не обвинат за резултатите од сопствените грешки, изјави шефот на руската држава, пренесуваат медиумите.
– Ние немаме ништо со тоа. И ова нема никаква врска со забраната за увоз на руска нафта. Тие само ги користат овие решенија како покритие за да го измамат сопственото население уште еднаш, рече тој на состанок со членовите на руската Влада.
САД се обидуваат да потпишат енергетски договори со Иран и Венецуела, „против кои самата Америка воведе незаконски санкции“, рече рускиот претседател.
– Тие се обидуваат да постигнат договор со земјите против кои самите воведоа незаконски ограничувања. Тие се подготвени да се помират со Иран и веднаш да ги потпишат сите документи. И со Венецуела исто така. Тие отидоа во Венецуела да преговараат со нив. Но немаше потреба да се воведат овие нелегитимни санкции, рече тој на состанокот.