САД:целосната забрана на руска нафта ќе предизвика значителна болка за потрошувачите ширум светот

Секретарот за финансии на САД, Џенет Јелен ги предупреди пратениците дека целосната забрана на руска нафта ќе предизвика значителна болка за потрошувачите ширум светот.
„Прашањето со блокирање на извозот на нафта од Русија е тоа што многу земји, особено во Европа, се многу зависни од таа нафта“, рече Јелен. „И, веројатно ќе видиме вртоглаво покачување на цените ако навистина ставиме целосна забрана за нафтата.“
Јелен рече дека бидејќи побарувачката за нафта е генерално стабилна, премногу ограничувања на понудата може да имаат „многу големи ценовни ефекти“.
„Во дизајнирањето на санкциите, сакаме да ѝ наметнеме максимална болка колку што можеме на Русија, но и да се грижиме да не им наметнеме непотребна болка на Американците и нашите партнери“, рече Јелен.