Русија одговори на САД: загрижени сме за воена активност на САД и НАТО на границите на Русија

Недозволиво е барањето за повлекување на руски трупи од одредени области на земјата а има растечка воена активност на САД и НАТО во близина на границите со Русија, се вели во писмото.
Во документот се нагласува недозволивоста на барањето за повлекување на руските војници од одредени области на земјата. Русија е загрижена за растечката воена активност на САД и НАТО директно во близина на границите на Русија, „додека нашите „црвени линии“ и суштинските безбедносни интереси, како и сувереното право на Русија да ги заштити, продолжуваат да се игнорираат“.
– Ултиматумите за повлекување на војниците од одредени области на руските територии, придружени со закани за построги санкции, се неприфатливи и ги поткопуваат изгледите за постигнување вистински договори, се вели во реакцијата.
Американскиот амбасадор Џон Саливан беше поканет во руското Министерство за надворешни работи и му беше предадено писмо со реакција на претходно добиениот одговор на САД на рускиот нацрт-договор меѓу Руската Федерација и Соединетите Држави за безбедносни гаранции. “, се наведува во соопштението на руското Министерство.