јуни 10, 2023

Русија и Украина се приближуваат до договор, вели Чавушоглу

„Можеме да кажеме дека се надеваме на примирје доколку страните се повлечат за чекор од сегашните позиции“, рече Чавушоглу без дополнително објаснување.
Русија и Украина се приближуваат до договор за „клучните“ прашања, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју објавено денеска, додавајќи дека се надева дека ќе се постигне примирје.
Киев и Москва напредуваа во разговорите минатата недела за решение што ќе ја гарантира безбедноста на Украина, но надвор од НАТО.
Трајно примирје може да се постигне само преку средба меѓу Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, тој додаде дека Путин верува дека позициите за „стратешките прашања“ на Крим и Донбас не се доволно блиски за да се договори средба.