јуни 10, 2023

Русија е многу воздржана во нападите да не нанесе преголема штета, не напаѓа намерно цивили, вели американски експерт

Американскиот воен аналитичар Вилијам Аркин, во текст објавен во Њузвик, објаснува дека, и покрај страшните сцени на уништување од Украина, руската армија всушност е воздржана во нападите, затоа што планира да ја користи индустриската инфраструктура на земјата, а воедно не сака премногу да се закрват односите меѓу двата народи.

Десетици укрински градови и села се освоени, а во полн ек е борбата за најголемите метрополи. О Н проценуваат дека 900 цивили досега биле убиени, а околу 6,5 милиони Украинци се расселени. Но, всушност, воени експерти кои ги анализираат метите кои Русија ги напаѓа велат дека руската не бомбардира бесцелно и не се обидува да нанесе преголема штета. Во првите 24 дена од конфликтот, авионите на руското воено воздухопловство извршиле 1,400 напади, а дополнително биле лансирани 1,000 проектили. За споредба, САД извршија повеќе напади само во првиот ден од Ирачката војна во 2003 година. Огромното мнозинство од руските напади се вршат на бојното поле, каде нивните авиони напаѓаат тактички цели во поддршка на нивните војници. Само 20 проценти од нападите се насочени на воени аеродроми, касарни и магацини за муниција. Во дел од овие напади беа погодени цивилни цели и беа убиени цивили, но штетата која е нанесена е ниска во споредба со потенцијалот кој Русија го има. „Знам дека е тешко да го свариме фактот дека ужасот и уништувањето можеше да биде многу поголемо од што е сега. Но тоа се фактите. Моја проценка е дека Путин не напаѓа цивили намерно, можеби е свесен дека сака да ја намали штетата и да си зачува излез во идните преговори, пишува Аркин во својата анализа, во која се повикува на експерти на американската армија.
Тој посочува дека Русија се уште не ги уништила телекомуникациските системи на Украина, не ја напаѓа инфраструктурата на земјата, па дури се уште не ги уништила ни украинските аеродроми на начин кој би гарантирал потполна слобода на дејствување на руската авијација. „Не гледаме систематски напади врз украинските транспортни линии и мостови со што би се спречило пристигнувањето на нивните засилувања. Русите нападнаа електрични централи, тоа се врши само во близина на линијата на фронтот, или се работи за централи кои се блиску до воени бази. Ниту една централа не беше нападната намерно. Всушност, не можеме да видиме сериозно бомбардирање за да се постигне стратегиска цел во ниту една област. Скоро сите руски напади се само во функција на поддршка на нивните копнени сили“, вели АРкин.

Текстот е преземен од македонски весник