септември 27, 2023

Русија до последен момент демантираше напад на Украина. Дали Украина ќе ја преживее војната

Русија до последен момент демантираше напад на Украина, Путин и Захарова дури и ги исмеваа најавите за напад на Украина кои ги пласираше Западот. Тие во еден наврат кога Бајден предвиде дека Русија ќе ја нападне Украина на 16 февруари прашуваа во колку сатот ќе нападнеме. Официјална Москва често повторуваше дека нема да има напад на Украина, Лавров и другите таквите наводи ги нарекуваа хистерија на Западот.
По признавањето на Доњецк и Луганск од страна на Русија се чинеше дека се ќе се заврши со тоа или со евентуален конфликт за двете републики. Нападот на Русија на Украина се чини нелогичен. Русија вика дека нападот ќе трае додека има потреба? а што се подразбира под тоа, дали тоа значи до откажување на Киев од НАТО, како што велат Русите дека сакаме само Украина да стане неутрална. Денешните вести дека Зеленски се плаши за неговиот живот и затоа дали Украина ќе постои, укажуваат дека натамошниот напад може дури да ја распадне државата. Од Западот, Џонсон рече дека Руската агресија мора да заврши со неуспех, дали западот ќе се вмеша директно, затоа што оние во голема мера придонесоа да се случи ова. Тие помагаа и со трупање на оружје. Путин побара никој да не се меша, директна конфронтација на НАТО со Русија засега се чини нереална. Дали Украина сама може да се справи и да се одбрани од Русија или нејзината внатрешна фрагилност и нехомогеност ќе се покаже кобна за војната ама и за иднината на државата како што е случајот со Ирак, кој функционира во делови.