Русија вели Украинците гаѓале нивно село

Сe работи за регион кој граничи со северот на Украина, во близина на градот Чернигов.
Денес украинските сили отворија оган на селото Климово. Со гранати беа оштетени две станбени згради, има жртви меѓу жителите, напиша гувернерот Александар Богомаз на Телеграм.
Руската истрага наводно покажала дека украинските сили извеле најмалку шест напади, и додаваат дека се нападнати станбени објекти. Русите тврдат дека се повредени најмалку седум луѓе.