септември 27, 2023

Русија вели не прифаќа размена за Медведчук, еве зошто

„Односот на властите во Киев кон украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук „е живописна илустрација за тоа каков е всушност режимот во Киев“, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ.

Oткако украинските сили го заробија пријателот на рускиот претседател Владимир Путин, Виктор Медведчук, Русија повика и европските лидери да следат што се случува и обвинуваат за прогон.

Кремљ објави дека ќе го следи случајот, но ја критикуваше Украина, велејќи дека „го гони човекот поради неговите политички ставови“. Руските власти сугерираат дека не би се согласиле на размена на затвореници, имајќи в предвид дека Медведчук е украински државјанин, и се наоѓа во Украина.

Украина бараше да го замени заробениот политичар Виктор Медведчук со Украинци притворени во Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека сака да го заменат овој човек за нивни деца, и жени кои се заробени.

Украина претходно информираше дека го уапсила Медведчук, проруски украински политичар, за кого е познато дека има блиски односи со Путин. Во мај 2021 година Медведчук беше во домашен притвор, а претседателот Зеленски го обвини за финансирање на тероризам и му го замрзна имотот. Некои го опишуваат како украинскиот „сив кардинал“ или „принцот на темнината“. Магазинот „Форбс“ во 2021 година го процени неговото лично богатство на 620 милиони долари.