мај 29, 2023

Русите урнаа хеликоптери со лидери на Азов над Мариупол

Русите тврдат дека урнале два хеликоптери со лидери на Азов над Мариупол. Претходно прес секретарот на воената команда на ДНР, Едуард Басурин, изјави дека украинските нацисти нема да добијат коридор за да го напуштат Мариупол. Сега руското Министерство за одбрана објави дека “режимот во Киев ова утро се обиде од Мариупол во два Ми-8 хеликоптери да ја евакуираат командата на батаљонот Азов, единиците на украинските националисти”.

Русите тврдат дека ги собориле двата хеликоптери. На руските Телеграм канали Интел и Варламов објавени се видео снимки од едниот урнат хеликоптер во кој се прикажани тела на 17 лица кои биле во хеликоптерот.

Претходно Басурин објасни дека милитантите на Азов биле воени злосторници кои убивале цивили. Според него, на нацистите им било ветено дека ќе им го спасат животот, но дека нема да ги пуштат. „Ваква понуда веќе е дадена. Тие одбија. Тие веќе не се милитанти, тие се криминалци затоа што го убиваа цивилното население. „Да, гарантиравме дека ќе им ги спасиме животите, но тоа не значи дека ќе ги пуштиме“, заклучи тој.