Русите опколија околу 90.000 украински војници, следи голема офанзива

По повлекувањето на руските трупи од северна Украина, најногу од областа околу главниот град Киев и градот Суми, две недели се во тек прегрупирања на руските сили и подготовки за офанзива врз најсилниот дел од украинската армија кој е сконцентриран во областите на Харков, Доњецк и Луганск во силни утврдувања и со моќно и современо оружје. По застојот на воените операции во северна Украина, и за потребите на големата битка на јужниот фронт на Украина, Русија изврши и смени во армиското раководство, па за врховен командант на инвазијата во Украина го назначи генералот Александар Дворников, поранешен командант на руските воени сили во Сирија.Британскиот БиБиСи пренесува изјави од британското министерство за одбрана според кои ова ќе бид голема битка која ќе трае најмалку неколку недели како битките во Втората светска војна, со маневри, промени на позции и тактики, а руската страна според нив ќе ги употреби своите најмоќни оружја за, според Британското министерство за одбрама, да ја добие битката до 9. Мај кога во Москва традиционлано се слави Денот на победата на фашизмот.Според британското мининистерство за одбрана оваа битка би можела да го определи текот и крајот на руската инвазија во Украина која, во случај на успех, не би завршила само за преземање на регионите Доњецк и Луганск. Портпаролот на самопрогласената Доњецка народна република, Едуард Басурин, изјави дека се опколени околу 90-100.000 украински војници кои претставуваат најспособен дел од украинската армија. Тој соопшти дека должината на фронтот на кој се очекува големата битка е околу 200 километри.Претседателот на Украина Зеленски, на прашање дали очекува средба со рускиот претседател Путин, одговори дека сега не е време за тоа. Во секој случај би почекал завршница на битката за Донбас, рече Зеленски, која Украина ќе ја добие, а потоа се менуваат позициите на страните за преговори, заклучи Зеленски. Преземено од Весник