Русите одат на опсада на Украина

Можеме да се плашиме од логика на опсада, на која Русите се навикнати – предупреди шефот на француската дипломатија на во интервјуто за ТВ Франс 2, додавајќи дека треба да се потсетиме на Алепо, Грозни…
Можно најлошото допрва ни претстои во војната што ја води Русија во Украина, изрази голема загриженост, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, јави дописникот на МИА.
Рускиот претседател Владимир Путин сака „негирање на Украина и негирање на демократска земја на нејзиниот праг“, тврди францускиот министер за надворешни работи.
Франција денеска ќе му предложи на Советот за безбедност на Обединетите нации усвојување на резолуција со која се бара прекин на огнот во Украина, потврди Жан-Ив Ле Дриан.
Француското претседателство со Европската унија претходно најави дека Париз ќе го преземе овој чекор. Како постојана членка на Советот за безбедност, Русија има право на вето на резолуциите во СБ на ОН.