Русите објавија имиња на Американци во биолабораториите во Украина

Русите објавија имиња на западни раководители со украинските биолаборатории, со што тврдат се покажува поврзаноста на Пентагон со биолабораториите во Украина, пишува Риа Новости. МО ги именуваше американските и европските куратори во украинските биолаборатории, откако руската војска ги дозна западните вработени во Украинскиот научен и технолошки центар, кој се занимва со истражувања во интерес на американската воена биолошка програма, изјави Кирилов од МО. Според Кирилов, САД потрошиле повеќе од 350 милиони долари за функционирање на центарот. Центарот работи како меѓувладина организација, претседател е Артур Мајер а функцијата извршен директор ја извршува американскиот државјанин Кертис Белајач. Од САД работата ја надгледува Фил Долиф, кој во Стејт Департаментот е заменик. Правниот статут е определен со договор меѓу владите на Украина, Канада, САД и Шведска. Главната активност е да дистрибуира грантови за истражувања од интерес на Пентагон, вклучително и на терен билошко оружје, рече Кирилов. Клиенти и спонзори се Пентагон, САД а се финансира и преку Агенција за заштита на животна средина, министерство за земјоделство, здравство и енергија на САД. Американските куратори прво беа заинтересирани за моделирање, проценка и предвидување на конфликтите и заканите за ширење на оружјето за масовно уништување, но и за трансфер на украински технологии за производство на сложени материјали со двојна употреба до ЕУ, истакна Кирилов.
Тој појасни дека многу студии биле посветени на проучување на потенцијални агенси на биолошкото оружје и патогени на економските значајни инфекции, како што се патогениот птичји грип и африканската чума. Проекти насочени кон проучување на ширењето на патогени на опасните инфекции преку вектори на инсекти, диви птици и лилјаци, беа финансирани во интерес на американскиот воен оддел.
Како што веќе беше објавено во руското Министерство за Одбрана, Соединетите држави потрошија повеќе од сто милиони долари за работата на билошките лаборатории во Украина, кои учествуваа во американската воена билошка програма и особено се справуваа со патогени од чума и антракс.
Севкупно, мрежата се состоеше од повеќе од 30 институции кои работат во интерес на Пентагон. По почетокот на руската специјална операција, од Украина беше одстрането се што беше поврзано со продолжување на американската програма.
За подетални информации на следниот линк: