декември 5, 2023

РУСИНОТ И УКРАИНЕЦОТ СЕ ГУШНАА

„Сребрениот“ Абраменко доби честитки од „бронзениот“ Буров.
Абраменко првите честитки ги доби од Русинот Илја Буров кој стигна до бронзениот медал.
На денешните натпревари во скијање слободен стил, Александар Абраменко, освои сребро во акробации и им ја донесе на Украинците првата награда на Игрите.
Абраменко една од првите честитки ги доби од Русинот Илја Буров кој стигна до бронзениот медал.
Претходно, раководството на Министерството за спорт на Украина им препорача своите спортисти и тренери на Олимпијадата во Пекинг да не стојат покрај Русите кога тие во раце го држат знамето на Рускиот олимписки комитет.