септември 27, 2023

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на бугарскиот премиер Кирил Петков.
Тој на Твитер напиша дека Бугарија треба да го признае македонското малцинство, исто како што тоа го прави и Македонија во однос на бугарското.
„Многу е добро што се среќаваат премиерите на Бугарија и Македонија. Како што Македонија го признава бугарското малцинство, така мора и Бугарија веќе еднаш да ги спроведе пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Ниту една земја во ЕУ не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“, напиша Рот на Твитер.