мај 29, 2023

Путин: Украинските цивили го славеа доаѓањето на руската армија

Украина врши геноцид во регионот на Донбас. Ова беше навистина геноцид. Сопирањето на тоа беше целта на специјалната операција“, рече Путин и додаде дека украинските цивили го слават доаѓањето на руските војници.
Рускиот претседател Владимир Путин го пофали единството на земјата за време на, како што рече, специјалната операција во Украина, додека денеска одржа јавен говор пред стадионот „Лужники“ во Москва.
„Земјата нема видено такво единство долго време“, рече Путин, обраќајќи им се на собраните.
Настанот официјално ја одбележа 8-годишнината од руската анексија на Крим, но многу од говорите се фокусираа на моменталната инвазија на Украина. Московската полиција соопшти дека повеќе од 200.000 луѓе биле на стадионот Лужники,, а многумина биле видени како вејат знамиња украсени со симболот „З“. Симболот „З“ стана главен симбол на јавна поддршка за руската инвазија на Украина.