јуни 10, 2023

Путин; „непријателските земји“ рускиот гас да го плаќаат во рубљи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги опфаќаат сите членки на ЕУ.

– Донесена е одлука плаќањата за испорака на гас во Европа да се прави во рубли што е можно поскоро – изјавил рускиот претседател, пренесува „ria.ru.

Путин им даде рок од една недела на Централната банка и на Владата да ја утврдат процедурата за плаќање во рубљи. Тој додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со договорите и цените ама ќе се промени само валутата на плаќање. Русија планира да се откаже од сите компромитирани валути во плаќањата, нелегитимните одлуки на голем број на западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.

Извор МИА