септември 27, 2023

Путин: Западот го турка Киев во крвопролевање

Воената операција во Украина е успешна, рече рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на состанок за поддршка на отцепените региони. Рускиот претседател рече дека Западот ги турка властите во Киев во крвопролевање снабдувајќи ги со оружје и платеници.
Путин изјави дека нема да дозволи Украина да стане отскочна штица за закани кон Русија, пренесува руската агенција „РИА новости“.
„Сакам да го кажам ова првпат, на почетокот на специјалната операција побаравме од властите во Киев да не се мешаат во конфликтот, туку само да ги повлечат војниците од Донбас. Тие не сакаа. Па ова е нивна одлука“, рече Путин.

Путин вели дека украинските сили го ракетирале Донецк во понеделникот и дека станува збор за терористички напад во кој загинаа повеќе од 20 луѓе. Тој додава дека ваквите напади продолжуваат и дека тоа се напади во кои не се избираат цели.

Путин рече дека Западот ќе се обиде да го загрози територијалниот интегритет на Русија, но нема да успее.

„Како и фашистите, кои во последните денови на Третиот Рајх се обидоа да повлечат со себе што повеќе невини жртви“, рече Путин