мај 29, 2023

Путин го прифати предлогот на Зеленски: Русија е подготвена на преговори со Украина

Кинеската државна телевизија објави дека Путин во телефонскиот разговорот со кинескиот колега Кси Џинпинг му рекол дека е подготвен да преговара со водството на Киев.

Кремљ ја прими на знаење подготвеноста на украинскиот претседател Владимир Зеленски да преговара за можно ветување за воена неутралност на Украина.

„Русија е подготвена за водење преговори со Украина на високо ниво“, изјавил Путин кого го цитира кинеското министерство за надворешно работи.

Русија е подготвена да исправи своја делегација во Минск на разговори со Украина, изјави за новинарите и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Како што е познато, денеска украинскиот претседател Зеленски изјави подготвеност да разговара за неутралниот статус на Украина. Првично, рускиот претседател Владимир Путин говореше дека целта на операцијата (воена во Украина) е да им се помогне на Луганската и Донецката народна република, вклучително и преку демилитаризација и денацификација на Украина. И тоа, всушност, е интегралната компонентна на неутралниот статус“, изјави Песков.

Претходно украинскиот претседател Владимир Зеленски јавно му предложи на Владимир Путин директни преговори.

„Сакам уште еднаш да апелирам до претседателот на Руската Федерација (…) Ајде да седнеме на преговарачката маса за да запреме да гинат луѓе“, изјави Зеленски.

„Ова е нова изјава. Ја примивме на знаење. Изгледа како позитивен развој на настаните“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повикувајќи се на коментарот на Зеленски.
Песков изјви дека не може да коментира дали ќе разговараат Путин и Зеленски.

Москва веќе долго бара гаранции дека Украина никогаш нема да му се придружи на НАТО или да ѝ дозволи на Алијансата да распореди сили и оружје на нејзината територија.

Претходно во петокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Москва ќе биде подготвена за преговори веднаш штом вооружените сили на Украина ќе го положат оружјето. Според Лавров, народите кои живеат во Украина ќе можат „самите да ја одредат иднината без никав притисок однадвор“.