јуни 10, 2023

Противниците на војната не повикуваат на неутралност на Украина, тие и западот така веднаш може да донесат мир

Војната треба да се запре, Русија е крива, луѓе гинат од двете страни и невини цивили само зачудува дека во хистеријата на западот кон Русија и Путин речиси воопшто не може да се забележи сопствена вина на западот иако има некои срамежливи признанија пред се од поранешни ама и од понекој сегашен функционер. Во медиумите имаше еден текст од поранешен директор на ЦИА и од еден екс австралиски амбасадор во Полска кои укажуваа дека западот ја доведе ситуацијата до тука со тоа што не ја земаше предвид загриженоста на Русија, и со тоа што ја туркаа Украина и ја ставаа пред свршен чин. Освен што западот не признава вина они се исклучуваат од тоа дека ако сакаат можат одма да донесат мир иако цело време повикуваат на мир и ја повикуваат Русија да се повлече. Западот може да се откаже од Украина во НАТО и тоа ќе биде крај на војната. Украина исто така ако прифати да биде неутрална одма ќе има крај на војната. Ама не, тие викаат Русија е лошиот и треба да запре ама Русија не запира и има свои барања кои не се толку нелогични. Барањето за неутралност не е ништо лошо, напротив тоа е добро за сите, тоа не само што ќе донесе моментален мир туку и ќе донесе траен мир во тој дел од светот и во Европа. Во медиумите имаше неколку повици за неутралност на Украина, една американска когресменка ги повика Бајден, Путин и Зеленски да ја остават Украина неутрална, ниту со НАТО, ниту со Русија. Денес тоа го кажа и поранешниот хрватски претседател Месиќ. Неутралноста секако дека е подобро за светот отколку членувањето во некој воен сојуз, тоа придонесува кон демилитаризација на светот а има и предности и за самата држава. Зеленски непосредно пред рускиот напад еднаш изјави дека може да се откажат од членството во НАТО или да направат референдум ама беше притиснат да ретерира од западните лидери кои сега ја обвинуваат Русија и повикуваат на мир. Очигледно на западот им одговара војна помеѓу Русија и Украина во која видно ќе ја ослабат Русија ако не успеат да ја поразат, за западот ако не е Украина во НАТО сеедно е дали она ќе постои. Затоа на големо трупаат оружје и финансии па не само што не допринесува за мирот туку ова војна е повеќе меѓу НАТО и Русија, Украинскиот народ ќе биде само колатерална штета. Од друга страна власта во Киев и Украинците изгледа се подготвени да војуваат и да гинат за влез во воен сојуз како што е НАТО, дали вреди тоа? сепак секој народ сам решава што сака иако на Украинците не им беше дозволено сами слободно да решат на референдум, па на власта паѓа сета одговорност. Зеленски исто може да ја прекине војната.

Позачудувачки е што на сите миротворци од јавноста кои оправдано ја осудуваат Русија воопшто не им паѓа на памет да го побараат мирот од Украина или па од Западот со тоа што ќе се залагаат за неутралност на Украина. Зошто тоа не го сакаат или зошто е тешко тоа да се побара наместо цело време да се потресуваат со сликите на ужас и злосторва шгто ги споделуваат. Толку ли е тешко на запад и во демократските земји на исток во кој спаѓаме и ние да се излезе и да се искаже мислење против политиките на нивните држави? Залагањето за неутралност може да биде нивниот придонес за мир, на критичната јавност желна за мир.