септември 27, 2023

Продолжуваат нападите од грчките хакери во Македонија, банките овој пат беа цел

Во тек се хакерски напади на грчките хакери врз неколку македонски банки. Дури и Народната банка била цел на напад, од банката велат дека тоа беше надминато во најкус можен рок. Пред малку на Твитер се огласија хакерите со известување дека ја нападнале ТТК банка. Во исто време не се достапни страниците ниту на НЛБ банката ниту на СТБ банката. За последните две од „ Powerful Greek Army“ немаат објави.

TTK Banka AD Skopje – https://t.co/aVZGRbIgKg #Offline #PGA #OpEndMacedonia https://t.co/ath06zjIzi pic.twitter.com/m1HlCYGP6f

— Powerful Greek Army (@PowerfulGRArmy) February 22, 2022


ТТК банка го потврди хакерскиот напад, немале последици врз системот:
Интернет страницата на ТТК банка синоќа беше на мета на грчки хакери од групата „Моќна грчка армија“, но обидот за упад поминал без последици по компанијата.

-Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот. Случајот е пријавен во МВР, соопшти утрово ТТК банка.

Хакерите од „Моќна грчка армија” вчера објавија дека извршиле упади во неколку македонски банки: ТТК Банка, Централната кооперативна банка, УНИ банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.
Претходно, истите хакери се пофалија дека ги хакирале сајтовите на Народната банка, Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана, што беше демантирано од овие институции.

Грчките хакери се заканија и дека „ќе ја збришат Македонија од интернет просторот