јуни 10, 2023

„Пријателските земји“ да ја платат својата енергија во локална домашнa валутa

Русија би можела да се договори со „пријателските земји“ да ја платат својата енергија во локална валута, рече претставникот на рускиот парламент Павел Завални.
Тој сигнализира дека криптовалутите исто така може да се сметаат како средство за плаќање.

По рускиот напад на Украина, САД, ЕУ и Обединетото Кралство воведоа санкции кон Русија, што предизвика остар пад на рубљата и ги зголеми трошоците за живот. Но, Русија останува најголемиот светски извозник на природен гас и втор најголем снабдувач со нафта, забележува Би-Би-Си.

Во средата, рускиот претседател Владимир Путин рече дека во иднина ќе го наплаќа гасот од „непријателските земји“ во рубљи, што беше протолкувано како обид за стабилизирање на курсот на руската валута.

„Русија ќе продолжи да испорачува природен гас во договорениот обем и по договорени цени, но ќе ја промени валутата на плаќање во рубљи, рече Путин.

Русија состави список на „непријателски земји“, што се совпаѓа со земјите кои и воведоа санкции поради инвазијата на Украина. На листата, меѓу другите, се и САД, членките на ЕУ, Велика Британија, Јапонија, Канада, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Швајцарија и Украина.

Претседателот на енергетската комисија на рускиот парламент вчера за Би-Би-Си изјави дека истражуваат алтернативни опции за плаќање на енергија. Кина и Турција припаѓаат на групата „пријателски земји, кои не се вклучени во создавањето притисок врз санкциите“, објаснува Завални.

„Долго време и предлагаме на Кина да се префрли на плаќања во домашни валути, рубљи и јуани“, рече тој. „Во трговијата со Турција, валутата на плаќање ќе биде лирата и рубљата“, тврди тој. „И можете да тргувате и со плаќање со биткоини“, додава тој.

„Русија многу брзо почна да го чувствува влијанието на санкциите без преседан“, рече Дејвид Бродсток, виш соработник на Сингапурскиот институт за енергетски студии.

„Економијата треба да биде поддржана, а биткоинот, гледано од многу аспекти, е валута која силно расте“, додава Бродсток.

Но, неговата вредност флуктуираше за дури 30 проценти оваа година, се сеќава тој. За споредба, курсот на доларот во однос на еврото флуктуираше во опсег од пет проценти.

„Нема сомнеж дека употребата на биткоин ќе донесе значително поголем ризик за трговијата со природен гас, во споредба со традиционалните валути“, заклучува Бродсток.