септември 27, 2023

Премиера на филм за Бигорски „1000 години Сведок на Светлината“. Видео од филмот, трејлер

Во најавата на филмот на страницата на Бигорски се вели, по повод 1000-годишнината од основањето на нашиот десетвековен духовен светилник, професионален тим предводен од режисерот Илија Ико Каров, во изминатите 2,5 години подготви документарен филм, насловен „1000 години Сведок на Светлината“.

Ова е филм кој не само што го одбележува големиот Јубилеј, туку и го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите на еден цел милениум.

На премиерата беше и градоначалничката на Скопје која се пофали на нејзината фб страна. Danela Arsovska  1 ч.  · На премиера на новиот документарен филм 1000 години сведок на светлината, кој ги открива таинствените убавини на Бигорски Манастир Св. Јован Крстител.