Премиера на филм за Бигорски „1000 години Сведок на Светлината“. Видео од филмот, трејлер

Документарниот филм за Бигорски вчера имаше премиера.Во најавата на филмот на страницата на Бигорски се вели, по повод 1000-годишнината од основањето на нашиот десетвековен духовен светилник, професионален тим предводен од режисерот Илија Ико Каров, во изминатите 2,5 години подготви документарен филм, насловен „1000 години Сведок на Светлината“.
Ова е филм кој не само што го одбележува големиот Јубилеј, туку и го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите на еден цел милениум.
На премиерата беше и градоначалничката на Скопје која се пофали на нејзината фб страна. Danela Arsovska 1 ч. · На премиера на новиот документарен филм 1000 години сведок на светлината, кој ги открива таинствените убавини на Бигорски Манастир Св. Јован Крстител.