јуни 10, 2023

Пред 149 години од Солун во Велес пристигнал првиот воз

На 9 април 1873 година од Солун во Велес пристигнал првиот воз. Велешката железничка станица е најстарата во Македонија и првиот воз пристигнал токму тука, на 9 април 1873, од Солун. Низ годините таа ја менувала местоположбата и изгледот. Таа беше реновирана за време на претходната власт.
Првата станица во Македонија е направена близу Стар Мост во 1873, кога возот прв пат минал низ Македонија и железницата прв пат проработела. Велешката станица како централен железнички јазол била постојано мета на уништување низ сите војни на овие простори.
Срушена била во Првата светска војна, па повторно изградена и пуштена во употреба во 1921 година. И таа зграда била срушена во Втората светска војна па обновена.