септември 26, 2022

Прв Македонски Џин – Смиџин – од бобинки од смрека

Мислев дека омилен пијалак ми е џин-тоник, сѐ додека не го пробав првиот македонски џин – чист, полн со ароми, што би рекла баба ми – мискојна.

Деновиве го пробав првиот македонски џин. За чудо, како некој што обично не пие чист алкохолен пијалак, туку си го меша со разни тоници, цитруси и други додатоци, џинот кој конечно се роди од македонските смреки од Галичица, едноставно ми се лизгаше низ грло, онака клот, без тоник, без лимони, портокали, зрна и гранчиња полн со ароми или, како што велеше баба ми – мискојна.

Откако пред неколку години среде Словенија, во една дестилерија во која дегустирав едно 10 различни видови на овошни ракии, дознав дека за џинот што го правеа таму меѓу другите крафт пијалаци, бобинките од смрека ги купувале од Македонија, постојано се распрашував дали некој кај нас прави и дали некој конечно ќе направи македонски џин.

И конечно, бидна првиот македонски џин – Смиџин. За ова повеќе детали дознав во дестилеријата сместена во поранешниот славен клуб – МЦМ.

Целиот текст на https://artkujna.mk//https://artkujna.mk/%d0%be%d0%b4-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b1%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%bd%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d1%81%d0%bc%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%b0-%d0%b4%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%ba/