мај 29, 2023

Прва Американка во македонскиот женски фудбал

Прв пат Американка дојде во Македонија да игра фудбал во Каменица САСА.
Актуелниот македонски шампион во женски фудбал, екипата на Каменица САСА од Македонска Каменица донесе неочекувано засилување.

„Од денес наша нова фудбалерка е Пејтон Тајлер Чик, која ни доаѓа од Сиетл, САД.

Откако успешно ги помина медицински тестови, Пејтон го потпиша својот едногодишен договор и се приклучи на првиот тренинг на актуелните шампиони на Македонија.

Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции, со своето искуство очекуваме пролетниот дел да ни помогне да бидеме уште посилни и порезултатни! Со среќа Пејтон, многу заеднички успеси и секако трета титула во низа“, се вели во објавата од клубо