декември 5, 2023

Православните цркви ја промовираат Русија како заштитник на традиционалните семејни вредности, се вели во Резолуција на ЕП?

„Резолуцијата на ЕП изразува загриженост поради обидот на Православните цркви во земјите како „Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, да ја промовираат Русија како заштитник на традиционалните семејни вредности и да ги зајакне односите меѓу државата и црквата“, пишува црногорскиот весник Вијести во текстот со наслов, Црна Гора останува привлечна за Путин.

Весникот пренесува изјава на заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој коментирајќи ја резолуцијата, апелираше;

– Сите земји од Западен Балкан да го повикаат рускиот претседател, Владимир Путин, на одговорност, поради неговите одлуки да му предизвика нехумано страдање на украинскиот народ,- рекол Ескобар.

Тој за „Вијести“ изјави дека многумина од граѓаните на Украина, имаат длабоки врски со Русија и голем дел од нив, исповедаат длабока православна вера.

– Како се одвива оваа хуманитарна катастрофа, додека се зголемува бројот на цивилни жртви, морате да се запрашате, на што е Путин способен на други места, вклучувајќи го и Западен Балкан, истакна Ескобар, коментирајќи ја Резолуцијата, освоена од Европскиот парламент минатата недела.

Линк до целиот текст на Вијести https://www.vijesti.me/vijesti/politika/594767/eskobar-za-vijesti-crna-gora-ostaje-privlacna-meta-putinu