По Словачка и во Турција протести против НАТО

Вчера во Турција беа огранизирани протести против агресивната политика на НАТО алијансата. Турците бараат излегување од НАТО.
„Насобраните скандираат „Излез од НАТО и бараат повлекување на државата од таа организација“.
Турција е една од најстарите членки на НАТО – таа се приклучи на алијансата во 1952 година.
Претходно во Словачка се протестираше исто против НАТО и против распоредувањето на НАТО војници во земјата.
Од антимилитаристите НАТО обично се посочува како главна милитаристичка организација која го милитаризира светот. Војната во Украина започна и заради обидот на Украина да влезе во ова организација а Русите ја нападнаа за да го спречат влегувањето на Украина во НАТО и распоредувањето на НАТО силите на руската граница. Русите велеа дека Украина во НАТО ќе значи и дека Москва може да биде ракетирана за само неколку минути од украинската граница, затоа еден од условите за крај на војната е неутрална Украина.