мај 29, 2023

По Русите и Макрон вели дека војната ќе заврши до 9 мај

„За Русија 9 мај е национален празник, важен датум и речиси е сигурно дека за претседателот Путин 9 мај треба да биде ден на победата“, изјави Макрон за француското радио РТЛ. Според Макрон, Путин ќе ги концентрира нападите во Украина на Донбас, во обид да постигне „победа“ за 9 мај, на годишнината од капитулацијата на нацистичка Германија во 1945 година.

Дмитриј Песков, во четвртокот за Sky News, најави брз крај на војната, тој рече – Или руските трупи ќе го завршат тоа со постигнување на нивните воени цели или Москва и Киев ќе постигнат договор преку преговори. Изгледите за мировен договор во голема мера ќе зависат од „конзистентноста“ на позицијата на Украина и нејзината подготвеност да се согласи со условите на Русија, рече Песков. Тој особено рече дека одговорните за злосторствата врз цивилите во Донбас треба да бидат изведени пред лицето на правдата.
Песков го негираше масакрот во Буча како фалсификат, рече „Ние негираме дека руската војска може да има нешто заедничко со злосторства и дека мртвите тела биле прикажани на улиците на Буча“, изјави портпаролот на Кремљ за Скај њуз. „Живееме во денови на фалсификати и лаги“, додаде тој. Русија е „заинтересирана за навистина независна и објективна истрага за сите злосторства“ извршени во Украина, рече Песков.