Почитувани мои пријатели, роднини, колеги и најблиски…Утре е Денот на АРМ – 18_ти август.

Фејсбук статус на Игор MC Јакимовски
Во 1943 година токму на 18ти август на Славеј Планина е формиран баталјонот Мирче Ацев како прва регуларна воена единица на Македонија во согласност со традициите на Разловечкото, Македонското (Кресненско) и Илинденското востание.
Имено, баталјонот се формира со наредба на Штабот на II оперативна зона, а го сочинувале борци од одредите „Даме Груев”, „Димитар Влахов” и други од подрачјето на Западна Македонија.
Токму тој историски датум е роденденот на АРМ, а утре ќе го славиме по 28ми пат.
За мене мојата АРМ е свето нешто и длабоко врежано во мојата душа и срце и затоа овој статус го пишувам во предвечерјето на одбележувањето на овој наш прекрасен и заеднички роденден.
И понатаму АРМ според сите анкети е на врвот кај граѓаните на Македонија кога станува збор во вербата кон оваа институција.
Кога својот народ те сака и верува во тебе највеќе, со гордост си ја повторуваш твојата дадена заклетва :
„Се колнам дека ќе ги бранам слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Дисциплинирано, совесно и одговорно ќе ги извршувам обврските и должностите како бранител на мојата татковина Република Македонија и ќе се борам за нејзината слобода и чест”.
30 години во војничката чизма.
25 години во АРМ како питомец и старешина.
20 години како офицер во служба на својата АРМ.
ДА ЖИВЕЕ АРМ !!!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!!