септември 27, 2023

Посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола?

Општина Битола ја поддржа иницијативата , да бидат донесени посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола.

Иницијативата беше промовирана на денешното одбележување на 58 -годишнината од смртта на неговиот брат, филмски снимател, Милтон Манаки во Битола.

– Разговаравме за иницијативата на Комуната и Студиото „Милтон Манаки“, во Битола да се донесат посмртните останки на братот на Милтон Манаки, Јанаки, кој е упокоен во Солун. Дојдовме до заедничка идеја, во соработка со Република Грција, односно со градоначалникот на Солун, да се иницира идејата и доколку е можно, таа да се реализира. Ќе се обидеме тоа да го направиме – истакна градоначалникот Коњановски.
Претставниците на Кинотеката најавија дека филмски снимки на браќата Манаки наскоро ќе бидат емитувани во Љубљана, во словенечката Кинотека, а се прават напори за нивно прикажување и на фестивал во Турција.