септември 26, 2022

Поранешен премиер на Украина: Целта на Вашингтон е да започне војна меѓу Украина и Русија

Соединетите држави имаат за цел да започнат војна меѓу Русија и Украина, изјави поранешниот премиер на Украина, Николај Азаров

Азаров вели дека најавите за можна „инвазија“ претставуваат американска провокација.

– Целта е јасна: да се организира војна меѓу Украина и Руската Федерација. Ова е апсолутно очигледна цел на САД под сите претседатели. Русија е воен ривал, единствената земја во светот која може да ги уништи САД во случај на директен воен конфликт. Затоа, Русија треба да биде ослабена што е можно повеќе, а уште подобро – да се распадне – објасни Азаров.

Поранешниот премиер нагласи дека Вашингтон систематски работи во оваа насока од 1946 година и дека американската антируска политика не зависи од смената на претседателот во Белата куќа.

Азаров додаде дека во Донбас, каде Киев концентрирал армија од 150 илјади луѓе против 30-35 илјади бранители на самопрогласените републики, можна е воена провокација на Украина, поддржана од САД.

– Целото оружје што во последно време му беше доставено на Киев (САД и НАТО) отиде во Донбас. Сето тоа води до помислата дека токму таму е можна реализација на конкретна провокација – објасни политичарот.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното зголемување на руските „агресивни дејствија“ во близина на границите на Украина.

Русија постојано ги негираше обвинувањата на Западот и Украина за „агресивни дејствија“, наведувајќи дека никому не се заканува и нема намера некого да нападне, а изјавите за „руска агресија“ се користат како изговор за распоредување што повеќе воена опрема на НАТО до руските граници.

Од 2014 година, земјите на НАТО на чело со САД и доставуваат оружје на Украина и ја обучуваат нејзината армија, што директно ги прекршува договорите од Минск и негативно влијае на разрешувањето на ситуацијата во Донбас.

Покрај Американците, испораки во вредност од милијарди долари ги вклучуваат Обединетото Кралство, Канада, Франција, Полска, Турција, Литванија, Чешка, Бугарија, Романија и Естонија.

Американската влада постојано ја сигнализираше својата подготвеност да ја прошири испораката на оружје и воена опрема за Украина.