Пополека со санкции за руска нафта и гас, зависни сме,вели холандскиот премиер.

Европската унија треба да биде внимателна кога воведува нови санкции за руските гасни и нафтени компании, бидејќи некои земји се уште во голема мера зависат од тие ресурси, истакна холандскиот премиер Марк Руте.
Мораме да бидеме сигурни дека енергетската независност ќе обезбеди доволно гас и нафта во системот. Ова е многу важно за Холандија, Германија, Франција и источноевропските земји – изјави Руте по средбата со литванскиот претседател Гитанас Науседа.
Претседателот на Литванија, пак, изјави дека тоа мора да го направат што е можно поскоро, но не можат да го направот тоа утре. Науседа додаде дека Литванија со децении инвестирала многу во енергетската безбедност и дека сега е подготвена за целосен бојкот на руската нафта и гас.