Попишани во дијаспората се 24.45% Македонци и 66.36% Албанци

Од вкупно попишани во дијаспората само 24.45% се Македонци а дури 66.36% се Албанци. Симовски рече дека дијаспората во главно е попишана во западноевропските земји додека во прекуокенаските земји е многу мал бројот на попишани.
-Од неризедентното население опфатено со пописот 24,45 отсто се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци, истакна Симовски.
Затоа од вкупниот број попишани, 54,21 отсто се Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи.
Додека во Македонија живеат 1 836 713 лица, од кои 58,44 отсто се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци, покажуваат податоците од Пописот 2021 што денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.