Помислувате ли како им влијаат вестите на децата?

Сега војната во Украина, претходно пандемијата, војната во Сирија, постојаните општествени предизвици не задржуваат пред екраните. Многумина и не забележуваат дека вестите во текот на денот ги проследуваат заедно со децата, а во нив може да има крв, оружје, плач, лелеци, страв… Децата ги следат загрижените реакции на возрасните. Тие имаат право да знаат што се случува, но вестите што тие ги слушаат или гледаат мора да бидат приспособени и објаснети на начин соодветен за нивната возраст, вели м-р Андријана Паскоска, психолог.
– Повеќе од две години епидемијата и справувањето со нејзините последици пред родителите, наставниците и професорите, или пред сите возрасни, поставува тешка задача, да го зачуваме менталното здравје на децата и младите во оваа тешка ситуација. Оваа војна е поблизу до нас, повеќе се информира за неа, децата треба да ги избегнуваат вестите и извештаите кои не се прилагодени за нив – вели Паскоска.
Таа ги советува родителите да разговараат со децата за тоа што ги интересира, што виделе и како се чуствуваат.
– Може да имаат ненадејни промени на расположението, да покажат агресија или повлекување. Сето тоа може да биде знак дека имаат потешкотии во обработката на информациите што ги добиле или виделе. Затоа на децата и на младите треба да им се испрати недвосмислена порака дека е сосема нормално да се чуствувате тажни, исплашени или лути. Дајте им до знаење дека сте таму за да ги поддржите и да им помогнете.
Преземено од Нова Македонија, целиот текст на линкот /https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/koga-gledate-vesti-so-decata-pomisluvate-li-kako-im-vlijaat/