јуни 10, 2023

ПОМЕН!

Набргу, откако се обзнани во светот за смртта на првиот женски државен секретар на САД, Медлин Олбрајт, која беше назначена на таа позиција од тогашниот претседател, Бил Клинтон, во главниот град на Македонија, се појавија помен-плакати кои на своевиден начин упатуваат порака.

Покрај герила-акциите во Охрид, со графити со буквата „Z”, симболот на руската специјална операција во Украина, и со последниве, помен-плакати кои удираат врз симболот на униполарност од 90-тите години, станува збор за индиции кои јасно укажуваат на негодувањето од страната на народот кон досегашните политички одлуки на Западот.