септември 27, 2023

Познат писател го прекина канадскиот министер – го туркате светот кон Трета Светска Војна

Канадскиот писател Енглер го прекина говорот на канадскиот министер за надворешни работи, со апел за прекин на милитаризацијата на украинскиот режим.
Канадскиот писател Ив Енглер го прекина говорот на канадскиот министер за надворешни работи.

Тој праша зошто Западот го охрабрува Киев да не ги спроведува договорите од Минск и го турка светот кон Трета Светска Војна.

По неговиот говор писателот речиси веднаш бил изнесен од обезбедувањето.

Ив Енглер (роден 1979) е канадски писател и политички активист од Монтреал. Покрај единаесетте објавени книги, делата на Енглер се појавија во алтернативниот печат и во мејнстрим публикации како што се The Globe and Mail, Toronto Star, Ottawa Citizen и Ecologist. Неговата книга од 2009 година, Црната книга на канадската надворешна политика, влезе во потесниот избор за наградата на писателската федерација на Квебек, Мејвис Галант за нефинкција.