февруари 2, 2023

Повик од единствената МАКЕДОНСКА политичка организација со изворна МАКЕДОНСКА ИДЕОЛОГИЈА! ПО МАКЕДОН!

Повик од ПО МАКЕДОН!

ПОВИК ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА АКТИВНО УЧЕСТВО ВО СОЗДАВАЊЕ НА НОВА ПОЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

Веќе од септември 2018-та година, а уште повеќе по уставните промени јануари 2019-та, откако конечно се потврди дека сите политички партии работат во полза на антимакедонскиот заговор и антимакедонската коалиција, или во најмала рака одредени политички партии лесно се приклучуваат кон заговорот преку неактивност и намерна пасивизација, за добивање одредени криминални услуги, Македонскиот народ самиот повикува, и е во очекување веќе 5 години за создавање на нов политички субјект, кој вистински ќе ги застапува, афирмира и спроведува македонските интереси.

Тоа очекување и тој повик предолго трае, бидејќи антимакедонската коалиција, заедно со соработниците на теренот, партиите СДС и ДПНЕ, активно ги саботираат сите иницијативи со вистинскиот промакедонски и идеолошки мотив, преку веќе познати на народот, подли и нечесни методи.

На овие 5-годишни очекувања и повик од самиот Македонски народ, согледуваме и обиди за погрешно идеолошко насочување, односно од обиди за повторното идеолошко наметнување на комунизмот од новите партии кои себеси се означуваат за припадници на левиот идеолошки спектрум, до обиди за идеолошко наметнување на национализмот од новите партии кои себеси се означуваат за припадници на десниот идеолошки спектрум. Но тие партии не претставуваат ништо друго освен агенти на туѓото влијание, на туѓото размислување и на идеологии создадени врз база на туѓото историско и општествено искуство.

Македонскиот народ има искуство од сите фази на создавање и развој на општеството и државата: стабилизација, хегемон и светска империја, од времето на василевсите Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски. Оваа искуство на Македонскиот народ дало подоцнежно влијание во градењето на државите и империите, односно Филиповата организација на државната власт и Филиповата геополитика дало мотив и инспирација за Александровата. Александровата организација на државната власт и геополитика дало мотив и инспирација за Ромејското Царство, а пак Ромејското Царство дало мотив и инспирација за Руското Царство на царот Иван (Јован).

Благодарение на оваа огромно историско искуство и паметење, Македонскиот народ поседува своја богата ризница со свои идеолошки размислувања кои се во правец на размислувањето од времето на Филиповиот (првиот, изворниот, чистиот) период и начин на уредување на државата, и Македонскиот народ воопшто нема потреба од новите партии кои се агенти на туѓото влијание, кои внесуваат идеолошки забуни и недоразбирања, односно само застој во унапредувањето, афирмацијата и спроведувањето на македонските интереси.

Затоа повикуваме на создавање на нова политичка организација, Македон, која ќе претставува долго очекуваниот нов политички субјект со Филиповиот, македонскиот идеолошки мотив: македонска монархија – Василија и македонска лаократија – македонска традиција и култура!

МАКЕДОН НИКА!

Преземено:

ПОВИК ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА АКТИВНО УЧЕСТВО ВО СОЗДАВАЊЕ НА НОВА ПОЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (pomakedon.mk)