септември 27, 2023

Петифер: НАТО страшно згреши што ја принуди Македонија да смени име,тоа треба да се врати сега

НАТО направи страшна грешка што ја принуди Македонија да го смени името, тоа треба да се врати сега, вели Џејмс Петифер, британски професор по балканска историја, коментирајќи изјава на Мицковски во која се вели – Доста е со национални отстапки. Петифер ја сподели на неговиот твитер профил изјавата на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски – Доста е со национални отстапки, и на тоа додаде свој коментар – Добро, но може да се каже и дека НАТО направи страшна грешка во периодот на администрацијата на Трамп што направи притисок и принуди на промената на името на Македонија, и тоа треба да се врати, сега, коментира Петифер.

https://pbs.twimg.com/media/Ex63XbIXIAIXxaF?format=jpg&name=small