Партијата на Македонците од Србија, дел од опозициска коалиција

Партијата на Македонците од Србија е дел од изборната листа „Maринка Тепиќ – Обединети за победа на Србија“. Во една прилика лидерот на партијата Горан Илијевски ѝ порача на српската власт: „По сите навреди од страна на член на српската влада, не очекувајте ниту еден глас од Македонците во Србија бидејќи со својата арогантна и националистичка политика тоа не го заслужувате“. Неговата изјава преку соопштение беше адресирана пред се до премирката Ана Брнабиќ и министерот за одбрана Александар Вулин.
Дикректниот повод беше изјавата на Вулин со која тој рече дека македонскиот претседател Стево Пендаровски „може слободно да молчи на јазикот кој никој, освен Србија, не го признава“, а како коментар на противењето на Пендаровски на идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово, пишува српски „Данас“.
Денес партијата на Илијевски е членка на листата „Маринка Тепиќ – Обединети за победа на Србија“.
Во програмата на Партијата на Македонците е наведено дека се залагаат за демократизација на општеството, за права на македонското малцинство, за школување на мајчин македонски јазик, дека не сакаат асимилација ниту пак да заминат од Србија, туку еднакви права и слободи за сите граѓани. Со демократите се обврзаа на што побрза изградба на цивилното општество во Србија.
Партијата на Македонците во регистерот на политички партии е запишана на 29 февруари 2016 година.
Преземено од МКД.мк линк до целиот текст https://www.mkd.mk/makedonija/politika/partijata-na-makedoncite-od-srbija-koja-barashe-izvinuvanje-od-premierkata-vo?fbclid=IwAR0MAVcwlmbMGW7vHg99iFjNYB8tu07BHNpaRFBdrz3FjRo2j4BcJsORgLk