декември 2, 2023

Пандев дебитираше за Парма

Најпознатиот македонски фудбалер Горан Пандев дебитираше за Парма откако неочекувано направи трансфер во овој италијански второлигаш пред истекот на преодниот рок. Трансферот многумина изненади, Пандев се очекуваше да се пензионира летово во Џенова, клуб во кој играше последните неколку години и имаше значајна улога во борбата за опстанок на Џенова во Серија А. Пандев во својата 20 – годишна фудбалска кариера прв пат на крајот од кариерата ќе игра во втората лига, тој само на почетокот на кариерата беше позајмен на нисколигаш, оттогаш цела кариера ја помина во Сериа А а една година играше во Галатасарај Турција. Најголем негов успех е освојувањето на лигата на шампиони со Интер ама и игрите во Лацио и Наполи го прославија во Италија и фудбалскиот свет, каде беше нарекуван Големиот Македонец/гранде мацедоне.